Skip to main content

8 милиони денари издвоени за ИТ опрема и квалитетен интернет за сите охридски училишта

Околу 8 милиони денари ќе се издвојат од општинскиот буџет за  ИТ опрема  и  поквалитетен интернет за училиштата. Денес беше одржана седница со предлог одлуки за пренамена на средства во образовниот процес за оваа намена.  Одлуката беше поддржана и од опозицијата.   

 |  Валентина Неловска  | 

Близу 8 милиони денари ќе се издвојат од општинскиот буџет за обезбедување на ИТ опрема и квалитетен интернет за сите охридски училишта.Вака одлучија охридските советници на денешната 47ма седница со само две точки на дневен ред. Советниците усвоија две предлог одлуки, за измена на програмата на општината во областа на образованието за 2020 година и за измена на распоредот на средствата во буџетот.

На денешната седница ќе се издвојат средства за обезбедување на ИТ опрема и поквалитетен интернет и набавка за основните и средните училишта. Во основно образование ќе се издвојат 5 мил и 250 , а во средно 2 мил 900 илјади ден. Набавки на средства за дезинфекција и за лична хигиена“.

Гордана Коњаноска, координатор на советничката група на Вмро Дпмне, кажа дека во интерес на учениците и нивниот образовен процес тие ќе ги поддржат предлог одлуките на денешната седница, но упатија забелешка.

Цврсто сме уврени дека одлуките ги носиме со огромно доцнење. Ова е нeшто што требаше да се случи во крајот на мај најдоцна до јуни и оваа учебна година да ја дочекаме подготвени. Недозволиво е што се носат толку доцна вакви одлуки, но во интерес на образовниот процес ние ќе ги поддржиме“.

До крајот на оваа недела се чека конечната одлука од Комисијата која треба да се изјасни по однос на поднесените барања од училиштата во општина Охрид за тоа како ќе се одвива наставниот процес согласно условите и епидемиолошката состојба. Планот и протоколот на МОН дава можност наставата да биде пренесувана во живо, да биде снимен часот, да се следи со далечинско учење или со печатени материјали. Во зависност од тоа каква опрема поседуваат учениците и училиштата може да бидат искористени сите 4 модели на настава.