Skip to main content

Се разгледува мерката за задолжително носeње заштитна маска на отворено

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, одржа прес-конференција на која информираше за состојбата со коронавирусот во нашата земја, но и во Европа, најава за следните чекори на Министерството за здравство и Владата, како и за есенскиот период кој е пред нас.

 |   | 

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, одржа прес-конференција на која информираше за состојбата со коронавирусот во нашата земја, но и во Европа, најава за следните чекори на Министерството за здравство и Владата, како и за есенскиот период кој е пред нас.

Видовме дека коронавирусот може да биде фатален буквално за секој. Заради оваа состојба веќе започнавме, а уште повеќе во следните денови ќе ги засилиме контролите за спроведување на мерките и протоколите кои се веќе на сила. Сите инспекторати и институции кои се задолжени за спроведување на мерките интензивно ќе работат и апелирам состојбата да се разбере многу сериозно. Апсолутно е недозволиво, покрај сите најави за ризиците кои ги носи есента, сериозен дел од граѓаните и натаму да не ги почитуваат мерките. Недозволиво е сериозен дел и од бизнисите пред се во угостителскиот сектор да не ги почитуваат мерките. Во тек се анализи за воведување на нови мерки, за спречување на понатамошно ширење на вирусот. Тука сакам да посочам дека наша стратегија и цел е навремено да воведеме мерки кои директно ќе влијаат на сузбивање на ширењето на вирусот“, потенцираше Филипче и додаде дека целта е да се избегнат евентуални рестрикции на движење или мерки кои повторно ќе ја закочат економијата и целосно ќе не затворат во нашите домови, но доколку тоа биде нужно, тоа и ќе се направи.

Дел од мерките кои се разгледуваат се задолжително носење на маска и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителските објекти, ограничување на бројот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни собери и прослави на затворено, прецизен протокол за работа на угостителските објекти на затворено (со мал број на гости и соодветна дистанца), намалување на капацитетот на јавниот превоз и сл.

Министерот Филипче рече дека иако во моментов вкупниот капацитет на болниците е во добра состојба, еден од најголемите ризици беше и останува притисокот врз здравствениот систем.