Skip to main content

Настава со физичко присуство во ОУ „Дебрца“ и подрачните училишта

На листата на училишта кои добија зелено светло од Комисијата и Владата за одржување настава со физичко присуство на учениците претежно се основни училишта во рурални средини со мал број ученици.  Училиштата ќе треба наставата да ја организираат во две смени.

 |   | 

Така, Општина Дебрца доби согласност за ОУ „Дебрца“ за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во смени, исто како и за подрачните  училишта во  селата Оровник, Требеништа, Мешеишта и Ботун. Подрачните училишта во  селата Велмеј,  Злести Издеглавје во оваа општина добија согласност за организирање настава со физичко присуство од петто одделение заради комбинирана паралелка, а Горенци и Лешани добија согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение.