Skip to main content

ЈЗУ “Св Стефан“: Грижата за срцето токму сега е поважна од било кога

Од ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св Стефан“- Охрид  по повод 29ти Септември  Светскиот ден на срцето  порачуваат  дека медицинските тимови и во услови на пандемија се тука за своите пациенти и граѓаните. Со доследна примена на сите потребни мерки за заштита, здравјето на пациентите и на медицинскиот персонал нема да биде  во ризик.

 |   | 

Од ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св Стефан“- Охрид  по повод 29ти Септември  Светскиот ден на срцето  порачуваат  дека медицинските тимови и во услови на пандемија се тука за своите пациенти и граѓаните.Во време на КОВИД 19 пациентите со Кардиоваскуларни заболувања се соочуваат со двојна закана, не само што се во ризик да развијат потешки форми на болеста туку тие можат и да се плашат да ја побараат потребната грижа за нивното кардиоваскуларно здравје!, велат од болницата.

„Ние како институција која близу четири децении се грижи за кардиоваскуларното здравје на илјадници пациенти од градот, регионот и државата и годинава се приклучуваме кон одбележувањето на овој ден во околности кога сите треба да дадеме свој допринос во спречување на ширење на заразата со Ковид 19, годинава ќе изостане нашето  на овој ден традиционално присуство меѓу граѓаните на Охрид на градскиот плоштад, каде вообичаено се правеа базични проверки и се делеа совети  поврзани со кардиоваскуларното здравје од страна на наши тимови. Ги потсетуваме сите кои имаат потреба од нашите медицински услуги поврзани со кардиоваскуларните болести, дека сме тука за вас. Со доследна примена на сите потребни мерки за заштита, здравјето на пациентите и на медицинскиот персонал нема да биде  во ризик!“ -велат од ЈЗУ„Св Стефан“.


Потсетуваат дека кардиоваскуларните болести се причина број еден за смртност на планетва. Тие имаат бројни причинители, од добро познатите како: дијабет, покачен крвен притисок, гојазност, пушење, па до помалку познати како: аерозгадување и други ретки и занемарени состојби.
Годинешното мото на светскиот ден на срцето е: Користите го срцето за да ги победите  кардиоваскуларните болести!
    • Користете  го срцето….за заедницата, вашите сакани, за вас,
    • Користете го срцето за подобри избори,
    • Користете го срцето за да го чуете своето срце,
    • Користет го срцето за да се вклучите,
    • Користет го срцето за да им се заблaгодарите на здравствените професионалци…
Охридскиот Кардиолошки завод ја пренесува и пораката на Светската федерација за срце (World HeartFederation) , која го востанови и секоја година на го организира  Светскиот ден на срцето.  (https://www.world-heart-federation.org/) а таа е : „Ние не знаеме во која насока пандемијата ќе се движи во иднина, но знаеме дека грижата за нашите срца  токму сега е поважна од било кога.“