Skip to main content

Во охридско-струшките стручни школи тече практичната настава по протоколи

Во охридското средно угостителско – туристичко училиште Ванчо Питошески нормално тече  он лине и практичната настава во кабинетите. Во соседна Стрга во стручното училиште Нико Нестор средношколците го прекина бојкотот и почнаа да следат он лине настава. Оние кои следат практична настава се поделени во групи и доаѓаат еден или два дена во неделата.

 |  Валентина Неловска  | 

Во охридското средно угоститеско- туристичко училиште Ванчо Питошески нормално тече он лине и практичната настава во кабинетите. 180 средношколци од ова школо следат он лине настава од 1 до 4 година во повеќе стручни занимања. Од нив 70 ученици имаат практична настава во кабинетите, информира Марјан Радески, директор на ОУТУ Ванчо Питошески. Струките келнер и готвач имаат практична настава во 1,2 и 3 година, а струките угостителски техничари во 3 и 4 година.

„Бидејќи сме стручно училиште наставата ќе се следи во кабинетите со почитување на протоколите и запазување на сите мерки од МОН. Мислиме дека нема да има потешкотии во изведување на таа практична настава со почитување на сите протоколи“.

Во соседна Струга, пак средношколците сепак ќе следат он лине настава. Тие го прекинаа бојкотот по најновата епидемиолошката состојба во земјава и во консултациja со советот на средношколци од другите градови каде што имаше протести. Како што велат целта им е да не се ставаат во опасност нечии животи иако не се согласуваат со учење од далечина. Одлуката следува и по најавите од раководствата на струшките училишта дека ќе следуваат строги санкции со исклучувања од настава. Во средното стручно училиште Нико Нестор во кое се изучуваат 7 струки меѓу кои хемиско- технолошка и здравствена струка, средношколците единствено со физичко присуство изведуваат практична настава и вежби. Учениците се поделени по групи, информира Миле Попоски, директор на средно училиште “Нико Нестор“.

„Тоа се наставни предмети кои мора да се реализираат во училиште, како практична настава. Се реализираат во кабинети, работилници, лаборатории. Секој ученик треба да дојде 1 или 2 дена во неделата. Сите имаат практична настава и вежби да бидат од 150 до 180 ученици во денот. Тоа може да го контролираме лесно, а за поголема бројка ризикот за пренесување на болеста е многу пооглем“, кажува Миле Попоски,директор на средно училиште “Нико Нестор“.

Во Струга и струшко има настава во сите основни училишта каде што минатата недела имаше бојкот за следење на он лине наставата.