Skip to main content

„Хигиена на рацете за сите“

Светскиот ден на одржување хигиена на рацете – 15 октомври, годинава се одбележува под мотото „Хигиена на рацете за сите“, со цел кревање на свесноста и разбирањето за важноста од редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода, како најлесен и најдобар начин за превенција од болести и спречување на ширење на инфекции.

 |   | 

Овој ден е посебно значаен во време кога светот се соочува со пандемија и преку него се акцентира хигиената на рацете како една од основните превентивни мерки за заштита од вирусот.

Респираторните вируси како корона вирусот (Ковид-19) се шират преку слуз или капки што го содржат вирусот, а во организмот навлегуваат преку очи, нос или грло. И ова многу често се случува преку рацете.

Во контекст на превенција од Ковид-19, рацете задолжително треба често да се мијат, а особено по секнење на носот, кашлање или кивање, по посета на јавен простор, присуство во јавен превоз, по посета на пазари и верски објекти, по допирање површини надвор од дома, вклучувајќи и пари, пред и после јадење, по употреба на тоалет, ракување со отпад, допирање животни и домашни миленици, менување пелени или помош на деца при одење во тоалет и слично.

Светската здравствена организација посочува дека честата и темелна хигиена на рацете е една од најефективните мерки за превенција од дијареја, од воспаленија на белите дробови, но и низа други инфекции кои можат да имаат и фатални последици.Во ковид пандемијата хигиената на раце е една од основните превентивни мерки за заштита од вирусот.

Светскиот ден на одржување хигиена на рацете има за цел подигнување на свесноста и разбирањето за важноста од редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода, како најлесен и најдобар начин за превенција од болести и спречување на ширење на инфекции.