Skip to main content

Заразени со корона вирус има во еден охридски маркет и во една фабрика во градот

Во последниот биланс од  министерството за здравство синоќа, кога беа евидентирани рекордни  445 нови случаи на корона на дневна основа, во Охрид има 12  нови случаи.

 |   | 

Во последниот биланс од  министерството за здравство синоќа, кога беа евидентирани рекордни  445 нови случаи на корона на дневна основа, во Охрид има 12  нови случаи. Сите лица кои биле во близок контакт со заразените  од денес се во изолација. 

„Веднаш се анкетирани од страна на епидемиолог и според анкетите сите кои биле со нив во контакт се во изолација. Граѓаните да не избегнуваат одење во маркети но тоа да биде претпазливо по протокол и сето тоа да се почитува.  Не значи дека треба се кажуваат со име и презиме позитивните случаи но секако да се води сметка секој поединечно да го заштити своето здравје и здравјето на своите најблиски“  вели Сашо Точков директор на Центар за јавно здравје.

Се полнат капацитетите  и на Инфективното одделение во ЈЗУ „Општа  болница“ – Охрид. Иако има само неколку слободни кревети, директоот Горан Балески  уверува дека состојбата е стабилна.

„Моментално имаме  25 пациенти поврзани со ковидот имаме неколку слободни кревети ако се позитивни ги ставаме на Инфективно, негативните на Интерно. И така ја држиме состојбата стабилна“  , вели Горан Балески, директор на охридската болница.
Надлежните уште еднаш апелираат до граѓаните строго да ги почитуваат  препораките бидејќи ако продолжи да расте бројот на заболени ќе нема  место за лекување на пациентите.

„Остануваат истите препораки, истите опасноти и истите задолженија на секој граѓанин. Почитување на мерките носење заштитна маска и на отворено и затворено држење дистанца избегнување јавни собири и честа дезинфекција на рацете“, додава Точков.
Најризични места каде најголем број од граѓаните се заразиле  се семејни или пријателски дружби и прослави на затворено или без држење социјална дистанца.