Skip to main content

Нова туристичка приказна во Вевчани, Виа ферата или безбедна патека за качување

Вевчани ќе добие  Виа ферата безбедна патека за качување, прва од ваков вид во Македонија. Лоцирана непосредно над Вевчани во границите на заштитеното подрачје Споменик на природата Вевчански извори. Проектот е на Алпинистичкиот клуб Патагонија од Охрид во соработка со Општина Вевчани. Карпата за доживуање на атракцијата алпинистичко качување ќе биде спремна да ги пречека првите авантуристи за околу 3 месеци.

 |  Валентина Неловска  | 

Во Вевчани ќе се изгради Виа ферата, прва во Македонија, безбедна патека за доживување на алпиниститчкото искачување. Карпата висока околу 150 метри е лоцирана непосредно над Вевчани, во границите на заштитеното подрачје Споменик на природата Вевчански извори, на околу 1 км оддалеченост од изворите.

Станува збор за надградба на проектот Хајс кардус трел кој преку планински патеки ги поврзува Македонија, Косово и Албанија, а започна пред 3-4 години, објаснува Антонио Додески од АК Патагонија кои се носители на проектот во рамките на Германско друштво за интернационална соработка (Гис). Виа ферата претставува алпинистичка насока за искачување на карпа со помагала. На карпата се поставува фиксна сајла со безбедни клинови. На тешките делови од карпата се поставуваат скалички по којшто луѓето кои не се многу технички подготвени ќе може да го искусат алпинистичкото качување, појаснува Додески.

 „Во Вевчани, вчера, беа последните мерења кои ги правевме. Вкупната должина на ферата ќе биде 230 метри од кои 140 м ќе бидат чиста вертикала, а останатите делови се експонирани гребени. Самата ферата е во непосредна близина на Вевчани, овозможува лесен пристап за посетителите, искачувањето ќе трае од еден час до час и половина во зависност од физичката подготвеност на луѓето. Патеката излегува на прекрасен видиковец над селото и по лесна патека може да се вратат на почетокот“. 

Ова ќе биде пионерски потфат и збогатување на туристичката понуда на Вевчани, вели задоволно и градоначалникот Сашо Јанкоски. Мислам дека тоа е одлична инвестиција за зголемување на туристичкиот пoтенцијал на Вевчани и ова заштитено подрачје. Во трите години од мандатот увидов дека интересот на туристите во овј регион е голем за заштитените подрачја на Галичица и Јабланица, а овој спорт е многу популарен во европските земји.

Ние имаме одлични можности. Таму тоа е на ниво на национален спорт во Словенија, меѓутоа гледам дека сите туристи кои доаѓаат во Охрид своето време сакаат да го исполнат со вакви кативности outdoor туризам, mountain bike, пешачење, ваков вид на качување на планини. Во Македонија досега немаше ваква можност ова е прва Виа Ферата“.

Ферата за околу три месеци ќе стане достапна за туристите. Проектот Патагонија го спроведува партнерски со општина Вевчани и Планинарско еколошко друштво Црн Камен од Јабланица. За Виа ферата потребен е т.н. ферата сет, а тоа се алпинистички појас и кацига. Клубот Црн Камен ќе добие 20 комплети опрема за искачување кои ќе може да ги изнајмува и да обезбедува приходи за самофинансирање.