Skip to main content

Корона кризата и нелојалната конкуренција ги затвораат занаетчиските бизниси

Епидемијата на корона вирусот предизвика драстичен пад на побарувачката за занаетчиски услуги и производи. Занаетчиите не можат да одржат лигвидност и дел од нив ги затвараат фирмите. Покарај корона кризата дополнителен удар и понатаму им задава нелојаланта конкуренција.

 |   | 




Функционирањето на голем дел од занаетчиските дејности во услови на ширење на заразна болест е скоро невозможно. Целиот занаетчиски сектор има финансиски потешкотии. Побарувачката е намалена, занаетчиите не можат да одржат ликвидност , фирмите згаснуваат.

„Лоша е состојбата со занаетчиите. Сами можете да видите каква е атмосферата во старата охридска чаршија. Во однос на уписите и  престанокот на занаетчии, оваа година се запишани 10 нови занаетчии од кои 8 се преку проектите на УНДП а загрижувачка е бројката од 7 занаетчии кои престанале да вршат занаетчиска дејност во текот на оваа година. “ – вели Сашо Богоески, Претседател на Регионалната занаетчиска комора Охрид.

Претседателот на Регионалната занаетчиска комора ,Сашо Богоески очекува  бројката на затворени фирми кои вршеле занаетчиска дејност  ќе се зголеми следниве два месеци затоа што оние кои решиле да престанат со работа тоа го прават на крајот на годината.  Загрижува и фактотшто од 250 регистрирани занаетчии добар дел не поседуваат занаетчиска дозвола согласно новиот Закон.

„Што ќе се случува со нив не знаеме. Успеавме да ги протуркаме и нив во четвртиот пакет мерки од владата. Ако после Нова година има нов пакет мерки мислам дека оне занаетчии кои не се усогласени со новиот Закон за занаетчиство, што не поседуваат занаетчиска дозвола, мислам дека нема да бидат опфатени . “

Со четвртиот пакет мерки се предвидени дополнитени 12 милиони денари за поддршка на занаетчиите за набавка на алат и опрема, а дополнително на тоа знаетчиите може да ја користат мерката за финансиска поддршка за исплата на плати, како и за бескаматни кредити до 5.000 евра за зголемување на  ликвидноста. Но, покрај корона кризата и понатаму актуелен е  и проблемот со нелојалната конкуренција во занаетчиството кој се провлекува со години. Голем е бројот на лица кои вршат занаетчиска дејност а не плаќаат никакви давачки.  Во Комората е регистрирансамо еден водоводџија, еден паркетар и двајца молери кои го одржуват цел Охрид што нема никаква логика, а огромен е бројот на козметичарки кои работат дома, вели Богоески.  

„ Колку што можеме гледаме да ги намалиме. Се работи за голема бројка. Дел од нив ги работат тие дејности како дополнителни. Во соработка со државниот пазарен инспекторат се трудиме колку што можеме да ги пронајдеме, да ги отстраниме, да ги опомениме.“ – вели Богоески.

Како мерка за помош на занетчиската дејност се работи и на законските измени кои ќе овозможат од 1 јануари следната година намалување на ДДВ на занаетчиските услуги од 18% на 5%.