Skip to main content

Препораки од кризен штаб на Општина Охрид

Доколку се јави зголемена потреба од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти со Ковид 19, би можеле да бидат искористени и останатите здравствени објекти на подрачјето на општина Охрид. Ова е еден од заклучоците на оптинскиот кризен штаб кој денеска на барање на градоначалникот одржа  он лајн состанок.

 |   | 


Состојбата со здравствената криза со Ковид 19 во Охрид , членовите на општинскиот кризниот штаб засега ја отценуваат како стабилна. Општинскиот кризен штаб денеска на барање на градоначалникот Константин Георгиески одржа он-лајн состанок на кој беа донесени неколку заклучоци.
Доколку се јави зголемена потреба од хоспитализација на пациенти, покрај капацитетите наменети за третман на пациенти позитивни и суспектни на вирусот во Општа болница Охрид каде во тек е реорганизација за проширување на капацитетот, кризниот штаб смета дека би можеле да бидат искористени и останатите здравствени објекти на подрачјето на општината.
Кризниот штаб упатува препорака до сите компании, трговски, угостителски, сместувачки капацитети и сите останати работни организации, за максимално почитување на мерките за превенција од корона вирусот  и  навремено изолирање на сомнителни случаи помеѓу вработените. Се упатува препорака до матичните лекари на ниво на општината максимално да се вклучат во давање на препораки и соодветно третирање на пациентите по утврдените протоколи, како и во делот на давање на препораки за самоизолација.
Се апелира до граѓаните кои се во изолација да имаат поголемо трпение и да ги почитуваат мерките за превенција со цел да го заштитат здравјето на останатите граѓани. А жителите на Охрид и до туристите кои во текот на викендите го посетуваат градот, максимално да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција, да се носат заштитни маски, да се одржува потребна дистанца, да се одржува лична хигиена и да се врши дезинфекција.