Skip to main content

Забрзано се полнат болничките легла со пациенти со COVID 19 во охридската и струшката болница

Во Струга се подготвува дислокација на детското одделение и адаптирање на просторот за прием на заразени пациенти со корона вирус на кои им е потрбна болничка нега.  Во Охрид се прави план за реорганизација по други одделенија како интерното оделение и  хируршкиот блок.

 |   | 

Капцитетот на струшката општа болница за примем на пациенти со ковид 19 е исполнет.  На интерното одделение каде се примаат заразените пациенти има само 10 кревет и а во моментов таму се хоспитализирани 13 пациенти. Од раководството  стравуваат дека бројот на  ковид позитивни на кои ќе им треба болничка нега ќе расте а  можностите за ослободување друг дел се ограничени.

„Ситуацијата е алармантна и се разработува план Б, ако дојде до пораст на бројот на болни.  Се надеваме на монтажната болница која треба да ја добиеме. Ако не ја добиеме, ние размислуваме за втора опција. Детското одделение, дел ќе го подготвиме за да ги сместуваме овие пациентите, кои ќе ни доаѓаат во иднина. детскиот оддел ќе се премести од сегашната локација.“, рече Мухамед Асани-директор на општа болница во Струга.

И во Охридската болница, на инфективното одделение сите 18 кревети се полни. Таму се сместени и пациенти кои се со тешка клиничка слика на болеста  и се на кислородна поддршка. Забрзано се полни и одделот за геријатрија кој е пренаменет за ковид позитивни пациенти. На Инфективното одделение и одделот за геријатрија се згрижени вкупно 40 пациенти. Во моментот се подготвува план за реорганизација по други одделенија при евентуален поголем прилив на заразени во текот на наредниот период, кои би имале потреба од болничко лекување.

„Сомнителните и недокажани, со полесна клиничка слика ќе бидат сместени во преадаптираните амбуланти во хируршкиот блок. Дел од хирургија го имаме преадаптирано, каде што можеме да примаме уште пациенти. И тука имаме уште неколку слободни места. А, недокажаните со потешка клиничка слика ќе бидат сместени во одделот за интерни болести, во собите за изолација. Кога ќе се докажат дека се позитивни, ќе се сместат или на инфективно или на геријатрија“, вели Горан Балев, директор на општа болница Охрид.

Според податоците на надлежните здравствени институции, до денес во Охрид има регистрирано 170 активни случаи кои се позитивни на корона вирусот КОВИД 19. Во Струга  бројот на активни случаи е 82, двојно понизок во однос на Охрид.