Skip to main content

Закажана седница на Советот за безбедност за актуелната состојба со пандемијата на ковид-19

Во претседателската „Вила Водно“ дернеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност за актуелната состојба со пандемијата на ковид-19 и мерките и активностите на надлежните институции.

 |   | 

Во претседателската „Вила Водно“ дернеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност за актуелната состојба со пандемијата на ковид-19 и мерките и активностите на надлежните институции.

Од Кабинетот на претседателот, соопштија дека покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство Венко Филипче.

На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.