Skip to main content

Стапува во сила забраната за групирање по паркови и јавни површини

За непочитување  на  измените во законот за заштита на населението од заразни болести казните се до 30.000 денари. Од СВР Охрид најавуваат засилени контроли.

 |  Валентина Неловска  | 

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот. Ова го превидуваат новите измените во законот за заштита на населението од заразни болести. За непочитување на измените во законот за заштита на населението од заразни болести казните се до 30.000 денари или 500 евра. Угостителите кои претходно добија забрана за работа по 23 часот, реагираа на појави на групирање на млади луѓе, по 23 часот по парковите, детските игралишта, пекари, бензиски и слично. Од СВР Охрид најавуваат дека и досега биле биле вршени контроли за спречување вакви појави.

 „Секое собирање и понатаму на лицата ќе биде санкционирано доколку не се почитуваат одредбите од заштита на ковид 19“.

Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид напоменува дека полициските службеници вршат контрола и на угостиелски објекти за почитување на одредбата за работно време до 23 часот.

 „Во изминатиов период се извршени повеќе контроли самостојно но и во координација со ДПИ на целото подрачје не само во Охрид. Евидентирано е само едно прекршување на работното време во угостителски објект во селото Франгово и за сопстевеникот е поднесена соодветна пријава“.

Здравствените власти апелираат да не се групираат и да ги почитуваат мерките за да се избегне полициски час којшто е последна опција за спречување на ширењето на вирусот во услови кога состојбата од ден на ден се повеќе се влошува.