Skip to main content

5 милиони евра од еу фондовите и 600 илјади евра домашно кофинансирање на располагање на општините

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски ги повика градоначалниците да аплицираат со проекти на повикот  „ЕУ за општините“. Европската Унија обезбеди и дополнителни милион евра за техничка подготовка на општините за аплицирање.

 |   | 

Од денеска општиниоте може да аплицираат на  повикот „ЕУ за општините”, со кој 5 милиони евра од Европската унија ќе се доделат на општините за спроведување на проекти за подобрување на локални услуги. Условот е проектите да понудат нов начин на решавање на проблемите во општините. Повикот има за цел да ги зајакне единиците на локалната самоуправа преку три приоритети на ЕУ, солидарност, соработка и зелен пристап.


„Денеска и формално ги повикувам градоначалниците, граѓанските организации и бизнис заедницата, заеднички, да направиме промени во општините, преку проектот „ЕУ за општините“. Министерството за локална самоуправа од Буџетот на државата обезбедува 600.000 евра за кофинансирање на одобрените проекти. На овој начин им олеснуваме на општините да аплицираат и ги правиме подостапни за користење фондовите на Европската Унија. Соработката со граѓанскиот и со бизнис секторот е важна за да се идентификуваат вистинските потреби и соодветно да се одговори на потребите на граѓаните., рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски, на информативната онлајн сесија за почеток на проектот, на која учествуваше и амбасадор на ЕУ во земјава Дејвид Гир.


Главните области на кои што треба да се фокусираат проектите се: иновативни решенија за нови услуги или за подобрување на  постојните; подобра социјална грижа и социјални услуги; подобрување на капацитетите на кризниот менаџмент; економско опоравување после кризата со пандемијата, работни места и вештини; како и приоритети поврзани со климатските промени и одржливото користење на националните ресурси.
Повикот ќе биде отворен до 30 декември,Европската Унија обезбеди и дополнителни 1 милион евра за техничка подготовка на општините за аплицирање. Имплементацијата на проектот ќе трае 3 години.