Skip to main content

Градоначалникот Георгиески подготвен да дежура со колегите на Инфективното одделение

Градоначалникот Константин Георгиески го известил министерот за здравство Филипче дека е подготвен да дежура и заедно со колегите од јавното здравство да се грижи за пациентите со Ковид  на Инфективното одделение во охридската болница. Поради зголемениот број на заболени со корона вирусот притисокот врз болничките капацитетите се зголемува, а медицинскиот персонал е преморен.  Министерот ги повика интернистите од приватните ординации да се стават на располагање на државата.

 |  Соња Рилковска  | 

Охридскиот градоначалник Константин Георгиески, повторно ке облечи бел мантил,  ќе им помага на колегите од јавното здравство. На денениот состанок со министерот Филипче доброволно кажа дека е подготвен како доктор интернист  да дежура рамо до рамо со колегите на Инфективното одделение во охридската болница.

Поради зголемениот број на заболени со корона вирусот секојдневно се стеснуваат каппацитетите,  медицинскиот персонал е преморен.

„Денес имавме состанок втор состанок со министерот Филиппче, за ангажман на лекарите од приватните болници. Станува збор за 72 лекари кои би се вклучиле во јавното здарвство за лекување на заболени со ковид 19. Ние може да се вклучиме во лекување на полесните случаи. Се изработи оперативен план ке се фомираат списоци. Во Охрид ние сме тројца  интернисти од приватен сектор.Јас ке се пријавам“ , вели Константин Георгиески градоначалник на општина Охрид.

Георгиески веќе една недела е во самоизолација  поради позитивниот тест на неговите родители. Тие имаат симптоми и закрепнуваат, а градоначалникот  не направил тест но ги почитува мекрките.

„Јас одлучив да си постапам согласно решението  да отседам во самоизолација бидејки негативниот тест не го исклучува прсуството на вирусот. Професионалната  и стручната етика не ми дозволува  да ја избегнам најсигурнта варијанта да ги заштитам луѓето со кои работам во мојот кабинет и да отседам уште  една недела во изолација“ вели  Константин Георгиески.

Иако е во самоизолација  градоначалникот Георгиески  секојдневно преку интернет ги води сите состаноци  и раководи со општинската администрација.  Му се доставуваат предметите за потпис на дневна основа и  нема никаков застој.