Skip to main content

Божиновски: Власта нема капацатет да се справи со дивоградбите

Делумното и селективно рушење на почетокот на летото беше само евтин политички маркетинг во очи на изборите, кажа денеска на пресконференција, портпаролот Перчо Божиновски.

 |   | 

Делумното и селективно рушење на почетокот на летото беше само евтин политички маркетинг во очи на изборите, обвинуваат од Ок  на ВМРО ДПМНЕ.  Ние и тогаш укажавме, а сега се потврдува дека не постоеја сериозни намери од градоначалникот Константин Георгиески за решавање на проблемот со дивоградбите, туку со цел само предизборно пазарење, кажа денеска на пресконференција, портпаролот Перчо Божиновски. 


“Иако рокот на УНЕСКО е пробиен сепак Георгиески нема одма да го решава проблемот со дивоградбите, туку кога општината ќе ги добиела средствата за спроведување на препораките од УНЕСКО. Зошто Георгиески броеше секунди за справување со дивоградбите кога сега вели дека општината немала доволно средства самата да се справи? Не постои никакво оправдување во услови кога милиони денари се кратат од капитални инвестиции да не се пренаменат средства за рушење. Лицемерно е Георгиески да изјавува дека ќе објавува нов оглас за давање на плажите под концесија, а од друга страна вели мора нивно враќање во првобитна состојба. До кога планира Георгиески да ги исплаќа предизборните фактури?Доколку Георгиески е уценет чесно е да каже дека не може да се справи со дивоизградените објекти. Нема решение за управување со отпадот, не се решава проблемот со депонијата во Буково, не е запрено уништувањето на трската, не се заштитува Охридското Езеро, а поради сето тоа останува загрозен статусот на Охрид во УНЕСКО.“ – кажа Перчо Божиновски, портпарол ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.