Skip to main content

Студенчишко блато ќе стане заштитено подрачје во категоријата парк на природа

Владата донесе Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на локалитетот Студенчишко блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природа, со што МЖСПП ќе може да ги започне постапките за прогласување согласно законските процедури.

 |   | 

Министерот Насер Нуредини информира дека Владата го разгледа и прифати апликационото досие (РИС) за номинирање на Охридско Езеро за Рамсар место во Светската Рамсар Листа.

Со тоа, Министерство за надворешни работи во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање ќе може да ја започне постапката и да го достави апликационото досие (РИС) за номинирање на Охридско Eзеро за Рамсар место во Светската Рамсар Листа до Секретаријатот на Рамсараска конвенција до крајот на оваа година.

Со оваа одлука на Влада, нашата држава го добива третото Рамсар подрачје.