Skip to main content

Дружината ЕКО-ФАП има подмладок

10 метри  кубни разновиден отпад  расфрлан на патот за Велестово во НП Галичица, собраа еко ентузијастите од ЕКО фап. Бродарите од оваа еколошка дружина  на секои 10тина дена расчистуваат по една дива депонија во градот  околината. Веќе имаат и подмладок кои од мали нозе учат и покажуваат како треба да се сакаат и чуваат охридските природни убавини.

 |  Соња Рилковска  | 


Продолжуваат еколошките акции на ентузијастите од  Еко Фап Охрид.  Вчера попладне активистите  подигнаа 10 метри  кубни разновиден отпад од НП Галичица, во близина на сппоменикот на  паднатите борци на патот за Велестово.
Бродарите  на секои десет дена  доброволно ги чистат дивите депонии  на различни локации низ регионот.

 „Ние овде интервениравме днаш но сега гледаме нови ппредмети. Сега ќе крениме но пак ќе дојдеме до потполно расчистување. Овде нема да се расчисти никогаш арно ама ние мисијата наша колку што можеме ќе ја тераме“ , вели Горан Устијаноски претседател на ЕКО ФАП Охрид.

Потребно е градот да има лесно достапна депонија за адекватно одлагање на отппадот.

„Градот треба да има една лесно достапна депонија со цел да не се депонира отппадот во шума. Од овде некој повторно треба да го подига отппадот се прават дополнитлени трошоци и во време и во  средства.Најдобро е да има едно актче градот по некои симболични цени да може отпадот да се депонира со цел луѓето да бидат мотивирани да одат таму“, додава Устијаноски.
Во акцијата им помагаше  и подмладокот , децата од мали нозе треба да се учат да ја чуваат  природата.

-Сакаме Галичица да биде чиста и уредена, велат децата.

-Доагаме да помагаме во чистење на Галичица за животната средина да биде почиста, велат децата.

-Лугето не треба да фрлаат ѓубре по ппланини тука на места одредени за тоа, велат децата.

Грѓаните  за жал се` уште имаат ниска еколошка свест. Отпадот наместо  на депонија го одлагаат во шумите  или покрај езеро и ја загадуваат животната средина. Постојано никнуваат нови диви депонии.
Најразличен вид отпад, дотраена покуќнина  градежен шут  се расфрлува низ Националниот парк Галичица, стенд ап.
Ова е дваесетта акција на десеттината  ентузијасти од  Здружението Еко ФАП  од Охрид.