Skip to main content

На реката Сатеска нелегално изграден насип

На Сатеска нелегално изграден насип за механизацијата, која работи на автопатот Охрид Кичево. Речното корито е затрупано нема проток на вода. Жителите стравуваат од поплави и бараат отстранување на браната.

 |  Соња Рилковска  | 

На Сатеска нелегално изграден насип за механизацијата, која работи на автопатот Охрид Кичево. Речното корито е затрупано нема проток на вода. Жителите стравуваат од поплави и бараат отстранување на браната.

На реката Сатеска нелегално изграден насип за движење на механизацијата на автопатот Охрид Кичево. Жителите на Дебарца реагираат, коритото на реката во месноста Ново село е потполно затрупано , нема проток на водата, а тоа ќе има еколошки последици врз живиот свет во неа.

Случајот го пријавиле и кај надлежните инспекциски служби, но немало никаква реакција.

-„Реката како река во овој момент е запрена на некој начин се направи една барикада, брана и нема никаков проток со тоа настанува уништување на растителниот свет во самото речно корито“, вели Златко Цветаноски жител на Дебарца.

Направена е еко катастрофа со тоа што реката е преградена, дотокот на вода е прекинат тоа можело да се реши со цефки да нема прекин на водата“, вели Борис Џајкоски еколог.

Доколку насипот остане , голема е опасноста од поплави на земјоделските посеви и објектите во близина на реката.

-„Доколку настане зголемување на нивото на речното корито може да има опасност од поплавување на блиските ниви што се во околината и загрозување на населението што живее во близина“, додава Цветаноски.

Жителите на Дебарца испратиле и допис до министерството за животна средина. Бараат итно отстранување на насипот или да се направи соодветен проток на водата во речното корито, во спротивно најавија протести.