Skip to main content

ЈП „Еремија“ од Вевчани изврши дезинфекција на јавните површини

Деновиве во Општина Вевчани ЈП „Еремија“ врши дезинфекција на улиците, шеталиштата, урбаната опрема, контејнерите и корпите за отпадоци на подрачјето на општината.

 |   | 

Деновиве во Општина Вевчани ЈП „Еремија“ врши дезинфекција на улиците, шеталиштата, урбаната опрема, контејнерите и корпите за отпадоци на подрачјето на општината.

Дезинфекцијата се спроведува од просторот пред Здравствен дом Вевчани, потоа основното училиште, детската градинка, центарот на Вевчани и улиците.

Градоначалникот на општината Сашо Јанкоски на својот Фејсбук профил истакна дека Борбата со ова зло пандемијата со вирусот ковид, кој го зафати целиот свет, треба сите заеднички да ја водиме почитувајќи ги мерките за спречување на ширењето на вирусот препорачани од Министерството за здравство. Јанкоски додаде дека службите на општината ќе направат се што е можно и во нивна моќ за да го победиме вирусот и да го зачуваме јавното здравје.