Skip to main content

Царовска :Во училиштата нема ширење на вирусот, a предвремен распуст е неаргументиран предлог

Во училиштата нема ширење на вирусот, a предвремен распуст е неаргументиран предлог, истакна на денешната прес конференција министерката за образование и наука Мила Царовска. Таа потенцира дека првото полугодие на учебната 2020 2021 ќе заврши на крајот на годинава, а второто ќе почне на 21 јануари 2021.

 |   | 

Во училиштата нема ширење на вирусот, a предвремен распуст е неаргументиран предлог, истакна на денешната прес конференција министерката за образование и наука Мила Царовска. Таа потенцира дека првото полугодие на учебната 2020 2021 ќе заврши на крајот на годинава, а второто ќе почне на 21 јануари 2021. Нагласи дека е секогаш спремна за дискусија со опозицијата и со сите што имаат различен став, доколку тие се базираат на аргументи и факти значајни за да се донесе поинаква одлука, но дека такви аргументи и факти не добила од опозицијата. Образовниот процес и систем се натпартиски, се работи за сите деца – и нивните и нашите, рече министерката.

Во моментов активни ученици со физичко присуство се 79, што е 0,06 проценти од вкупниот број ученици, и 148 наставници до вчера, што е помалку од 1 процент од вкупниот број наставници во нашата држава. Ова се факти кои зборуваат дека интерно ширење на вирусот во училиштата нема, дека образовниот систем е стабилен и училиштата ги почитуваат мерките и здравствените протоколи. Токму затоа продолжуваме да го спроведуваме Планот од Владата за учебната 2020/2021, според кој второто полугодие ќе почне на 21 јануари, а на крајот на годинава ќе заврши првото полугодие, рече Царовска на прес-конференција посветена на буџетот за образованието за 2021.