Skip to main content

Во буџетот на МОН се предвидени и пари за бесплатен студентски оброк

Мила Царовска, министерката за образование, на денешната прес конференција презентирајќи го ресорниот буџет за следната година проектиран на 23 милијарди денари, рече дека во него се предвидени и пари за бесплатниот студентски оброк, проект кој започнува да се имплементира во 2021.

 |   | 

Мила Царовска, министерката за образование, на денешната прес конференција презентирајќи го ресорниот буџет за следната година проектиран на 23 милијарди денари, рече дека во него се предвидени и пари за бесплатниот студентски оброк, проект кој започнува да се имплементира во 2021.

Издвојуваме 900 милиони денари се предвидени за 50.000 студенти и ученици. Овдека влегуваат пари за стипендии и сместување, како и бесплатниот студентски оброк, со ова се подобруваат условите за образование на 50.000 млади луѓе рече Царовска.

Инаку Законот за субвенциониран студентски оброк беше донесен на почетокот од годината, но ќе започне да се применува од 15 септември наредната година. Со ова студентите од државните и приватните универзитети секој ден од министерството ќе добиваат по 120 денари, или месечно вкупно 2.400 денари, за приготвена храна од понеделник до петок од рано претпладне до 20.00 часот навечер од 15 септември до 1 јули.

Министерството за образование треба да склучи договори со угостителите кои ќе ја приготвуваат храната.За да нема злоупотреба на средствата исто така самиот закон предвидува дека средствата одобрени од МОН за субвенционирање на здрав оброк може да се користат само за таа намена, а регулирано е прашањето и за вршење надзор над тоа како се спроведува мерката.

Царовска истакна дека вкупниот Буџет на МОН е поголем за 1,1 милијарда денари во однос на минатата 2020 година, а најголемиот дел од парите се насочени директно кон граѓаните – кон подобрување на образовниот систем и условите во коишто се одржува наставата.