Skip to main content

Утре, промоција на проектот „Cross4all“

Градоначалникот Константин Георгиески утре на 27.11.2020 година (петок) ќе присуствува на промоцијата на проектните активности од проектот „Cross4all“ кој го имплементира Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид.

 |   | 

Се работи за презентација на Пилот -програмата за воведување на мултидисциплинарни тимови на здравствени експерти, соодветно обучени и опремени со иновативни мобилни комплети, со цел да можат да испорачаат голем дел од нивните услуги во домовите на лица со попреченост и / или намалена мобилност, а посебен акцент ќе биде ставен на домашните посети, медицински и психолошки прегледи на пациенти позитивни на КОВИД-19.

Настанот ќе се одржи пред просториите на Црвен Крст, Охрид со почеток во 12:00 часот.