Skip to main content

СВИКAНА ПЕДЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

За крајот на оваа недела свикана педесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 04.12.2020 година (петок).

 |   | 

За крајот на оваа недела свикана педесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 04.12.2020 година (петок).

На педесет и второто издание на седнцата на совет градските советници ќе треба да гласаат за усвојување на Извештајот за реализација на неколку програми за 2020 година како и за константирање престанок на мандат на член во Советот на општина Охрид.

На дневниот ред на ова издание од седницата на градскиот совет, ќе се најдат Предлог- одлуките за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на јавните претпријатија, потоа предлог-Одлуките за усвојување на Извештајот за реализација на Програма за детска заштита, Програмата за културни манифестации и творештво, Програмата за спорт и рекреација, Програма за активностите на Општина Охрид во областа на образованието, како и Програмата за млади и невладини организации за 2020 година.

Исто така градските избраници ќе треба да се изјаснат и за нацрт програмите за за спорт и рекреација, за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица, за одржување јавна чистота, за енергетска ефикасност, за заштита на животната средина и природата за 2021 година и други развојни програми.

Ќе се гласа за обезбедување финансиски средства за функционирање на служби за заштита и спасување на подрачјето на општина Охрид во состав на Црвен Крст Охрид.

Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација во 11:00 часот.