Skip to main content

Подршка за Македонија во напорите за влез во ЕУ и НАТО

Поранешни балкански претседатели упатија поддршка на Македонија кон нејзините евро и нато интеграции.

 |  Валентина Нелоска  | 
Nikola Gruevski
Никола Груевски
Поранешни балкански претседатели упатија поддршка на Македонија кон нејзините евро и нато интеграции.

Жељу Желев, Сулејман Демирел и  Емил Константинеску  поранешни претседатели на Бугарија, Турција и Романија  искажаа  своја поддршка  за интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ.                                                                     
Актуелниот прв човек на балканскиот политички клуб и поранешен бугарски претседател Жељу Желев  истакна  дека интеграцијата не е само македонски  интерес, туку и на целиот Балкан, бидејќи во прашање е  безбедноста и стабилноста на соседните држави и  регионот. Поранешниот турски  претседател, Сулејман Демирел, го искажа своето убедување дека Македонија наскоро ќе биде дел од европското семејство, само е потребно трпение. Емил Константинеску, поранешниот романски претседател, смета дека никој на Балканот нема бенефит од статус кво состојбата во македонско грчките преговори.

konferencijaТој  укажа дека политичарите треба да имаат  одговорност и да изберат помеѓу рејтингот и националниот интерес.  Македонскиот премиер, Никола Груевски, по обелоденувањето на грчката стратегија за симулирање на преговорите околу името, повика на единство и изнаоѓање понатамошна заедничка стратегија, како земјата да стане членка на ЕУ.
Ова беа ставовите изнесени на 11-та Интернационална конференција во рамките на  Балканскиот политички клуб,  што се одржа во Охрид.  
Собирот има за  цел  поддршка и афирмација на стратешката цел на Македонија – интеграција во ЕУ и НАТО. Учество зедоа  поранешните претседатели на Македонија, Турција, Романија и Бугарија,  како и други претставници од општествениот и политичкиот живот на Балканот.

 

 

{loadposition content9}