Skip to main content

МВР ќе добие целосно нова зграда за потребите на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења

МВР ќе добие целосно нова зграда за потребите на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, придобивки ќе има и правосудниот систем бидејќи услугите кои ги нудат форензичките лаборатории се клучни во сите постапки на судовите и обвинителствата, но најголем бенефит ќе имаат граѓаните.

 |   | 

МВР ќе добие целосно нова зграда за потребите на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, придобивки ќе има и правосудниот систем бидејќи услугите кои ги нудат форензичките лаборатории се клучни во сите постапки на судовите и обвинителствата, но најголем бенефит ќе имаат граѓаните.

Новите простории ќе обезбедат доволен простор за складирање, третирање, обработка и архивирање на докази, што ќе овозможи правилно спроведување на оперативните процедури и системите за контрола во согласност со веќе дадените препораки, со што ќе се утврдат основите за акредитација на лабораторијата според стандардите на ЕУ.

Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ваквиот концепт на форензичката служба, воедно, ќе овозможи непречено учество во регионални и меѓународни проекти, како и продлабочување на соработката со форензичките служби од регионот и ЕУ.

Формирањето заеднички регионални форензички тимови, кои ќе работат по усогласени и стандардизирани постапки, ќе резултира во зголемена ефикасност и ефективност во истражувачката и откривачката дејност, изјави Спасовски.

Д-р инж. Габриела Коскоска, началник на Оддел за криминалистичко технички испитувања и вештачења, појаснува дека со новата лабораторија меѓу другото ќе се овозможи спроведување паралелни активности, односно истовремено повеќекратно спроведување исти тип анализи, со што ќе се зголеми ефикасноста односно ќе се намали времето потребно за одговор во однос на одреден тип анализи

Покрај овој проект „Изградба на нова зграда за Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења и нејзина акредитација согласно ISO 17025 стандардот“, во рамки на ИПА/2016 програмата, финансиран од страна на Европската Унија, се најавува и нов проект„Надградба на постоечкиот софтвер за идентификација“.