Skip to main content

Оџаците во станбените згради создаваат кавги меѓу соседите

За направените штети од чадот во домовите се почесто се поведуваат и судски спорови. Причините најчесто се дотраени оџаци, оштетени чадовдни канали од земјотреси или од лоши градежни изведби.

 |  Валентина Неловска  | 

Зимската грејна сезона им носи проблеми на соседите во станбените згради. Чести се појавите на чад во соседните станови заради проблеми со чадоводните канали во зградите или пожари, информира инспекторот Сашо Тодоровски, од Дирекцијата за заштита и спасување. Од дирекцијата која е задолжена и за надзор на заштитата од пожари како причини за ваквите појави ги наведуваат не исчистените оџаци, оштетените чадоводни канали од земјотреси или лошата градежна изведба. Споровите помеѓу станарите често завршуваат и на суд, вели инспекторот Тодоровски.

„Пред да почне употребата на оџаците да се врши нивно чистење и детално испитување за исправноста за да не настануваат проблеми. Имаме случаи во зградите да се наплаќаат штетите кои се предизвикани од страна на еден соседен стан на друг со адвокати и вештачења“.

30% од 260те интервенции на охридските пожарникари во минатата година биле гасење пожари на оџаци. Пожарникарите во грејната сезона изгаснале 77 опожарени оџаци на куќи и станбени згради.

„Оџакот колку што е корисен е и најподмолниот кој предизвикува пожар ако самиот чадоводен канал не е соодветно изграден меѓу спратната конструкција или кровната конструкција“.

Од ТППЕ информираат дека во пораст е интерсот на граѓаните за опасностите кои ги предвикуваат запуштените грејни тела и оџаци и бараат сервисни интервенции од нивната служба 193.