Skip to main content

Ќе се уредува малото пристаниште пред х.Палас

Локланата одамна знае како треба да изгледа, но министертсвото за транспорт и врски не одобрува градежни зафати во езерото.

 |  Татјана Маленкова  | 
spomenik Sv.Kliment Ohridski
споменик Св.Климент Охридски
Локланата одамна знае како треба да изгледа, но министертсвото за транспорт и врски не одобрува градежни зафати во езерото.

Св.Климент, Св Наум и ангел, како излегуваат од вода. Ваково спомен одбележје треба да се прави на малото пристаниште наспроти хотелот Палас. Се работи за споменик кој е веќе готов, но нема одобрение да се постави. Министерствата за транспорт и врски и за животна средина не даваат зелено светло, за изведување на градежни зафати во езерото.

spomenikСпоменикот е дело на познатиот Украински уметник Анатолиј Гајдамака, а финансиран е од Украинската влада. Макетата и компјутерската изведба се направени, но проблем е локацијата, вели градоначалникот Александар Петрески. „Министерствата одговараат негативно, и покрај нашите реакции да ни ја дадат надлежноста за пристаништето. Со тоа би го реализирале проектот и би го средиле просторот“, вели градоначалникот.  

„Се надевем, дека сега кога спомениците станаа мода, владата нема повеќе да прави проблеми и ќе ни ја деде локцијата. Тогаш сегашната руина ќе ја направиме пријатно катче за граѓаните и гостите“, рече градоначалникот Петрески.

Поставувањето на спомен одбележјата и Средувањето на пристаништето треба да биде готово до почетокот на летната сезона.с
Останатиот дел од пристаништето предвидено е да се уреди како место за одмор со клупи, како што шетачите ќе можат да се одмараат.

 

{loadposition content9}