Skip to main content

Се чистат речните коритa во Дебрца

Поради обилните дождови во изминатите неколку дена се интензивираа активностите за чистење и на речните корита и канали во Општина Дебрца, посебно во населените места.

 |   | 

Поради обилните дождови во изминатите неколку дена се интензивираа активностите за чистење и на речните корита и канали во Општина Дебрца, посебно во населените места.

За првпат по долгогодишен период од Општина Дебрца пристапија кон пробивање и чистење на речното корито на т.н. “Средна Река” од село Белчишта па се до вливот во Матицата на Белчишкото Блато.

Активностите завршија со чистење на речното корито во центарот на селото. Од општината велат дека будно се следи ситуацијата со врнежите кои се најавуваат и дека ќе се интервенира соодветно настанатата ситуација.