Skip to main content

Георгиески: Проектот за реконструкција на кејот е усогласен со УНЕСКО

Проектот за реконструкција на Кеј Македонија , за кој Општината има правосилно решение за реконструкција е усогласен со  насоките од  УНЕСКО, кажа градоначалникот на Охрид Константин Георгиески во вчерашното гостување на емисијта Топ Тема.

 |   | 

Проектот за реконструкција на Кеј Македонија , за кој Општината има правосилно решение за реконструкција е усогласен со  насоките од  УНЕСКО, кажа градоначалникот на Охрид Константин Георгиески во вчерашното гостување на емисијта Топ Тема.
Во нацрт-извештајот на УНЕСКО  членовите на Реактивната мониторинг мисија навеле дека иако сметаат дека е потребна реконструкција на кејот, постојниот  проект предвидува масивна бетонска конструкција и според нив неоправдано проширување на кејот со што ќе навлезе за околу 1,5 метар во езерото. Мисијата посочила дека проектот треба да се модифицира.
Тоа е направеано и реконструираниот кеј нема да отстапува  од сегашните димензии, дециден е градоначалникот Георгиески.

„Проектот предвидува покрај самиот стар кеј да се постават армирано бетонски шипови од 80 сантиметри и над нив да се постави врзна греда. Зошто е тоа така испроектирано? За да нема рушење, отстранување на стариот кеј и да ја отстраниме опасноста кога ќе се руши стариот кеј дел од градежниот шут да навлезе во езерото. Меѓутоа ние го дискутиравме тоа со Реактивната мисија, го испративме проектот до УНЕСКО и бидејќи имавме цела една цела година ние го преправивме проектот. Еден метар од Кеј „Македонија“ ќе се отстранува, ќе се постават армирано бетонските шипови, тоа е нотирано во забелешките, и нема да има зголемување на димензиите на кејот. Значи димензијата на кејот останува иста.“– изјави градоначалникот Георгиески.

Реконструкцијата, која се очекува да започне на пролет и ќе трае околу 12 месеци е предвидено да опфати должина од 992 метри квадратни на крајбрежниот дел во градската зона. Владата во два наврати одобри средства,  38 милиони денари и дополнително уште 45 мил денари, со што финансиската рамка на целиот проект е околу 80 милиони денари.