Skip to main content

За Денот на Рибарите во пандемија

Ковид пандемијата годинава го одложи и традиционалното одбележување на празникот Свети Јован Крстител, кога во Охрид свечено се одбележува Денот на рибарите. Денеска немаше казан со рибна чорба, плашици за мезе, греана ракија и вино. На денешен ден, децении наназад, рибарите од стариот дел на градот се капеле во водите на Охридското езеро со што се означувал крајот на забраната за лов на пастрмката позната како татиљ.

 |  Соња Рилковска  | 

За прв пат после децении немаше масовно одбележување на Денот на рибарите во Охрид. Традиционално на празникот Св Јован на градското пристаниште или на месноста Сараиште се капеа стотици млади охриѓани и ветераните. Некогаш се тркаа по буриња вино, некогаш само ја пееја ВоЈордание и на тој начин го одбележуваапразникот, со кој се отвораше риболовната сезона.

На овој ден завршуваше татиљот, забраната за лов на пастрмка. Па од рибниот улов во минатото се спремало чорба, мезе, греана ракија и вино. Последните години се подготвуваше казан од неколку тони рибна чорба и бесплатно се делеше греана ракија и тони плашици.

„На денешниот ден еве и јас 2013 година псоледен пат се фрлив на овој ден. Овој ден е практично денот на пуштањео на риболовот после забраната секогаш траела од 25 декември до 20 јануари. И во очи на 20 јануари рибарите влегувале и на овој ден од уловените риби се правела рибна чорба и ете се славел денот на рибарите со манифестција како капење на овие води кои и денес пред мене кога ги гледам велам прекрасни се“ , вели Љупчо Чаулев жител на Варош.

77 годишниот Љупчо Чаулев е охриѓаецот кој може да се пофали со најголемата уловена пастрмка во Охридското езеро, во далечната1971 година тешка 22 килограми. До ден денес не е уловена поголема риба.

„Не можевме да ја измериме со обичната вага и позајмивме еден кантар од тие пазарџиски кантари. Кантарот беше на покојниот Бучко и мереше во оки и рибата беше 16 оки тоа значи некаде околу22 кг. Татко ми од 1936 година откако почнал да работи во Хидробиолошкиот завод и на научен план и на апликативна дејност мрест татко ми не видел таква големина на риба“ ,се присетува Чаулев.

Денес на Сараиште беше празно, нема прослава за денот на рибарите. Нема музика, греана ракија, плашици ниту казан со рибна чорба“

Фаќачот на Светиот крст од Варош Никола Чорбески и неколкумина од неговата дружина симболично го одбележеале денот Свети Јован со капење на плажата Потпеш.