Skip to main content

НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО НАСЕЛБАТА „ВОСКА“

Со средства од буџетот на Општина Охрид поставено е ново детско игралиште во населбата „Воска“, во непосредна близина на спортските терени.

 |   | 

Со средства од буџетот на Општина Охрид поставено е ново детско игралиште во населбата „Воска“, во непосредна близина на спортските терени.

Игралиштето е опремено со најсовремени детски реквизити со гумирана подлога. Просторот е соодветно ограден и уреден со урбана опрема.

Работните активности за поставување на игралиштето ги изведуваа екипите на ЈП „Градски Пазар“.

Со цел да се подобрат условите за забава на најмладите, во текот на изминатиот период беше извршена реконструкција и санација на детските игралишта на неколку локации во општината.