Skip to main content

„Регионално вмрежување и соработка во туризмот како клучен фактор во закрепнување на индустријата во пост-Ковид ерата“

Повеќе од 100 учесници, претставници од приватен сектор и институции за промоција и поддршка на туризмот од неколку земји од регионот, учествуваа на еднодневниот виртуелен настан „Регионално вмрежување и соработка во туризмот како клучен фактор во закрепнување на индустријата во пост-Ковид ерата“.

 |   | 

Повеќе од 100 учесници, претставници од приватен сектор и институции за промоција и поддршка на туризмот од неколку земји од регионот, учествуваа на еднодневниот виртуелен настан „Регионално вмрежување и соработка во туризмот како клучен фактор во закрепнување на индустријата во пост-Ковид ерата“.

Настанот, кој се одржа вчера, 21 јануари 2021 година, имаше за цел да ги претстави потенцијалите за регионална соработка на земјите од Западен Балкан и можностите за побрзо закрепнување на туризмот во периодот по пандемијата со Ковид-19.


На настанот присуствуваа претставници од Р.С. Македонија, Р. Албанија, Босна и Херцеговина, Р. Косово, Р. Србија, како и Украина како земја гостин, и истите споделија статистички податоци и информации од туристичкиот сектор во земјите – учесници, а беше презентирана и туристичка понуда, со посебен акцент на зимски и активен туризам.
Дел од заедничките заклучоци беа дека навиките за патувања и туризам веќе се сменети под влијание на Ковид-19 кризата: туристите патуваат во помали групи, во помалку истражени места како национални паркови, планини и рурални места и сакаат да истражуваат локални искуства и храна. Со оглед на тоа дека земјите од Западен Балкан изобилуваат со вакви природни богатства и традиција, ова може да е одличен момент за зајакната регионална соработка. На тој начин, балканските земји ќе можат да создадат побогата туристичка понуда за гостите од регионот ипошироко, со посебно внимание на активности кои се безбедни и атрактивни за време на и по пандемијата од Ковид-19.

Како дел од овој настан, се закажаа 53 директни Б2Б средби од кои се реализираа 26, што им овозможи на туристичките бизниси од регионот да ги претстават своите туристички услуги, екскурзии, пакети, сместувачки капацитети, да споделат искуство и остварат соработка за промоција на регионално ниво, како и да се поврзат со различни владини и невладини институции.