Skip to main content

Oрганизирана трибина на тема „каков градоначалник ни е потребен“.

Охриѓани сакаат енергичен градоначалник со конкретна визија за развојот на градот. Од идниот градоначалник се очекува да биде подготвен да ги решава секојдневните проблеми на  граѓаните.

 |  Крсте Голабовски  | 
tribina
трибина
Охриѓани сакаат енергичен градоначалник со конкретна визија за развојот на градот. Од идниот градоначалник се очекува да биде подготвен да ги решава секојдневните проблеми на  граѓаните.

Во хотелот Ривиера денес беше организирана трибина на тема „каков градоначалник ни е потребен“.На трибината, во организација на извидничкиот одред „Бран“, алијансата АЛКООП и Младинскиот совет на Охрид, учествуваа повеќе претставници од областа на: бизнисот, здравството и образованието. Секој од нив од свој агол ги  презентираше своите очекувања од идниот градоначалник.

tribinaСпоред учесниците на трибината, Локалната самоуправа е една од првите институции каде што граѓаните се обраќаат за остварување на своите потреби. Покрај градоначалникот во функционирањето на Локалната самоуправа голем удел имаат и советниците. За таа цел потребно е да се изберат компетентни лица кои ќе работат во неа.

„Секој граѓанин којшто има право на глас носи своја одговорност и кога треба да го даде својот глас за еден од кандидатите, треба да има конкретен став по однос на тоа што очекува од идниот градоначалник“,истакна адвокатот Драган Гоџо.
Посакуван градоначалник спорд учесниците на денешната трибина,би бил оној градоначалник кој ќе ја добие довербата на граѓаните уште во првиот круг на изборите во 2013 година.

 

 

 

{loadposition content9}