Претставата „Сопружници”, повторно пред охридската публика
НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид / Народен Театар Охрид Поради зголемениот интерес за новата премиера “Сопружници” - Вуди Ален во режија на Драгана Таневска на големо задоволство на публиката на репертоарот ќе биде изведена во ПЕТОК и САБОТА 26 - 27.02.2021 година со почеток во 19.00 часот, цена 200 денари.
„Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Драгана Таневска.
Играат: Гејб - Ивица Цонев Џуди - Елизабета Стефановска Џек - Никола ТодороскиСали - Адријана Билаловиќ ТодороскаМајкл - Филип КипровскиСценограф – Борис Далчев, Ванчо ВасилевКостимограф - Ванчо ВасилевИнспициент - Филип Ангеличин – ЖураСветло - Борис ВелјаноскиТон - Митко СерафимоскиИзбор на музика – Драгана ТаневскаДизајн на плакат – Борис Далчев
Картите по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (22.02.2021) на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 19.00 часот.Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!