Skip to main content

Снежни лудории во охридското село Куратица

50 сm снег кои паднаа изминативе денови  создадоа совршени  услови за деноноќно санкање, скијање, возење со моторни санки. На посетителите на ова убаво планинско село на располагање им е и уникатна прошетка со ратрак до врвот Мазатар на Плакенска ланина.

 |  Соња Рилковска  | 

Снегот донесе радост во охридско Куратица.  Утре и задутре после долги години повторно ќе се организираат снежните зимски лудории. На наврнатите педесет сантиметри снег во атарот на селото ќе има деноноќно санкање, скијање, возење со моторни санки. Патиштата до селото се проодни ,покрај жителите на Куратица и околните села се оечкуваат и гости од Охрид.

„Снегот ни донесе позитивни реакции, така да после осум години еве  органзиираме една снежна авантура на една полјана ќе  има лизгање, скијање со сите реквизити, санки, вреќиња со слама, гуми скии тоа е една забава која ја имавме во миантото но за жал немавме снег. Оваа година во прав момент го добивме снегот“,  вели Горан Ангелоски претседател на МЗ Куратица.

Во Куратица одамна е изработен проект за изградба на ски лифт  за збогатување на туристичката понуда,  но се уште не е реализиран.

„Жално е што требаше да биде поставен ски лифотот уште пред девет години но локалната не ги заврши некои работи. Тоа е еден сон кој го имавме,  но идејата останува и понатаму се надеваме дека ќе се реализира“-вели Ангелоски.
Снежните авантури на Куратица се надалеку прочуени, во зима на туристите им се нуди уникатна прошетка со ратрак до врвот Мазатар на Плакенска ланина.

„Ако се задржи снегот на повисокото и тие авантури што ги имавме со ратрак ќе се организраат  исто така и со моторна санка сепак зависи од временските услови“, додава Ангелоски.
Село Куратица полека но сигурно станува зимска авантуристичка атракција.  Сместено 20 километри североисточно од Охрид, на патот кон Ресен,  во пазувите на планинскиот масив Мазатар под  Плаќенска планина, на надморска висина од 1080 метри, во прекрансната живописна природа Куратица,  плени со убавина.