Skip to main content

Викендов двојна изведба на новата претстава на Народен театар Охрид „Сопружници“

Поради зголемениот интерес за новата премиера на Народен Театар Охрид, претставата “Сопружници” од Вуди Ален во режија на Драгана Таневска, на задоволство на публиката повторно е на репертоарот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид.

 |   | 
Сопружници

Поради зголемениот интерес за новата премиера на Народен Театар Охрид, претставата “Сопружници” од Вуди Ален во режија на Драгана Таневска, на задоволство на публиката повторно е на репертоарот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид.

Претставата ќе биде изведена во два термини, овој петок и сабота, 26 и 27 февруари, со почеток во 19.00 часот, цена 200 денари, информира НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид.

Во претставата играат: Гејб – Ивица Цонев, Џуди – Елизабета Стефановска, Џек – Никола Тодороски, Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска, Мајкл – Филип Кипровски. Сценографијата е на Борис Далчев и Ванчо Василев, костимограф е Ванчо Василев, а изборот на музика го направи Драгана Таневска.

“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерката Драгана Таневска.

Картите по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба од 22 февруари, понеделник, на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.

Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Претставата ќе биде изведена согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.