Skip to main content

Македонските туристички водичи испорачаа барања до Владата

Бараат одговор зошто не се опфатени во 5-от сет екомомски мерки за помош. Апелираат институционално решавање на нивниот статус, протоколи за работа и приоритет на листата за вакцинирање.

 |  Валентина Неловска  | 

Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници упатија неколку барања до владата за да се подобри нивниот статус. Од почетокот на пандемијата се наоѓаат во тешка економска состојба, а во 5 сет екомски мерки се изоставени од помош на државата. Вклучени беа во 4 пакет економски мерки за помош, а сега прашуваат според кои критериуми туристичките водичи не се опфатени во новиот сет економски мерки. Туристичките водичи испорачаа барања до ресорното Министерство и владата да го решат нивниот статус. Да се донесат протоколи за работа во нивната дејност и Министерството за здравство да ги стави на листата на приоритетни категории за вакцинација.

Климент Наумов, претседателот на Здружението на туристички водичи и придружници „Кеј“ од Охрид, вели дека пандемијата исфрлила на површина голем број наталожени проблеми во нивниот еснаф кои треба да се решаваат со законски измени. Преку Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници покренале барање за законски измени меѓу кои да добијат право на здравствено и пензиско осугурување и спречување на хиперпродукција на туристички водичи.

Да се промени образованието и здобивањето на право со диплома за туристички водич за да може да се ажурираат кои се пасивни, а кои се активни водичи. Во иднина да нема хуперпродукција на туристички водичи. Државата на кого побрзо да му помогне има преку 1000 туристички водичи, а реално не се сите активни“.

Туристичките водичи се во контакт со туристите и се на удар на првата линија од пандемијата па е непходно да бидат ставени на листата на приоритетни категории за вакцинација.

„Голем дел од нашите колеги се пријавија за да бидат вакцинирани оние кои се гледаат во иднина во оваа професија. Сепак ние сме први кои ја изгубивме работата и први кои ќе се соочиме со здравствени проблеми при непосреден контакт со странските туристи.“

Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници брои 1000, а 220 се евидентирани во општинскиот регистер на туристички водичи во Охрид. Сертификати за туристички водичи издаваат Факулетот за туризам и угостителство од Охрид,како и Факултетот за туризам и бизнис логистика во Штип и Приватниот факултет за туризам во Скопје.