Skip to main content

Пецаков: Очекуваме до крајот на неделата преку 100 илјади граѓани да ја потпишат петицијата

Пратеникот од Охрид, Кирил Пецаков денеска на плоштадот Крушевска република ја потпиша петицијата  со која се бара поништување на Законот за попис, според кој, во април, конечно треба да се одржи пописот на населението и на домаќинствата во Македонија. Очекуваме до крајот на неделата преку 100 илјади граѓани да дадат поддршка за фер, веродостоен и европски попис, изјави Пецаков.

 |   | 




Трет ден се собираат потписи под мотото ,,Стави потпис за вистински попис” низ градовите во Македонија. Денеска на пунктот на плоштадот Крушевска Република, пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков го стави својот потпис на петицијата со која неговата пратеничка група ја бара поддршката од граѓаните за да се обидат да го поништат Законот за попис.

„Денеска на две локации собираме потписи заедно со граѓаните на Охрид, одѕивот е одличен заклучно со вчерашниот ден на ниво на Македонија се собрани 45 илјади потписи и очекуваме дека до крајот на неделата преку 100 илјади граѓани ќе ја дадат својата поддршка за оваа иницијатива. Реалноста е дека не само за пописот и начинот на којшто Законот за попис беше донесен туку и генерално политиките на СДСМ и Заев не добиваат поддршка од народот. Народот сѐ повеќе се приклучува на ВМРО-ДПМНЕ и она што треба да претставува отпор кон начинот на владеење на СДСМ.“ – изјави Пецаков.


Пецаков ги повтори забелешките на неговата партија дека со Законот за попис на начинот на којшто бил донесен народот наместо статистичка ќе добие политичка операција.  Доколку имаме статистичка операција тогаш Македонија ќе може и економски и геостратешки во наредните десет години да планира, а политички очигледно е важен само процентот, кажа Пецаков.

„Затоа имавме забелешки за овој Закон за попис и баравме да биде со најсовремените технологии спроведен всушност заеднички како што треба да бидат спроведени претстојните локални избори, а тоа е со т.н. отпечаток на прст би биле разрешени и отстранети сите дилеми коишто би ги имале во однос на резултатите коишто би ги добиле од овој попис. “

Пецоков додаде дека петицијата била само еден од чекорите коишто планираат опозиционата ВМРО ДПМНЕ  да  ги преземе во периодот којшто следува, а со цел Макодонија да добие попис каков што заслужува по сите европски стандарди.