Skip to main content

Државниот завод за статистика го објави Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и инструктори

Државниот завод за статистика денес го објави Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот 1-21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен во рамките на Пописот 2021. За територијата на Општина Охрид и Дебрца заводот има потреба од 21 попишувачи и инструктори, додека за општините Струга и Вевчани 14.

 |   | 

На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Северна Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини.

Пријавувањето се врши преку електронска апликација достапна на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk, а сите детали поврзани со конкурсот и условите се содржани во огласот објавен во дневните весници „Нова Македонија“, „Вечер“, „Слободен печат“ и „Коха“.