Skip to main content

Се уредува зелениот појас на кејот на Дрим во Струга

Екипите за одржување на Јавното градско зеленило при ЈП Комунално Струга започнаа со кроење и уредување на дрворедот кој е засаден на десниот кеј на реката Црн Дрим, непосредно до истекот од Охридското езеро кај дрвената брана.

 |   | 

Се сечат старите и суви гранки, исто така и сувите дрва согласно предходната процена на стручни лица. Целта на ова акција е да се спречи кршење и паѓање на гранките, а со тоа да не дојде до загрозување на безбедноста при движење на пешаците.