Skip to main content

Седум нови наслови во охридската библиотека

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и овој март виртуелно ги одбележува родендените на роднокрајните автори родени во овој месец а редовно ви нуди и нови наслови кои уште од денеска можете да ги побарате на пултот за зајмување книги.

 |   | 

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и овој март виртуелно ги одбележува родендените на роднокрајните автори родени во овој месец а редовно ви нуди и нови наслови кои уште од денеска можете да ги побарате на пултот за зајмување книги.

Во постојаната наша активност одбележување на родендените на роднокрајните автори според архивата на Библиотеката во март родени се следниве творци: Славе Ѓорѓо Димоски,Маринела Јовановиќ, Тоде Илиески, Мито Спасески, Благородна Буџак, Ана Цветаноска, Јане Велјаноски и Левко Андоновски. Во секој миг кај нас можете да ги побарате речиси сите нивни дела кои на еден или друг начин оставиле посебна трага во културната меморија на Охрид.

Нашата понуда ја збогатуваме со уште седум нови наслови кои подеднакво можат да се интересни за читателите. Тоа се: „Последниот испит“ од Микаел Јорт и Ханс Розенфелт, „Не можеш да ми купиш љубов“ од Мари Форс „ Без засолниште“ од Барбара Кинсолвер , трите во издание на Матица македонска.

Од издавачот Култура ви ги препорачуваме „Трнлива вистина“ од Ејлин Гоуџ и „Те набљудувам“ од Тереса Дрискол.

Во овој неделен преглед има место и за два нови наслови од издавачот „Сакам книги“ . „Невидлива убавина“ од Ејми Хармон и „Патник 23“ од Себастијан Фицек.

Годишната членарина за ворасни е 300 а за деца и ученици 200 денари. Библиотеката за зајмување книги е отворена од понеделник до петок во времето од 8 и 30 до 18 и 30 со пауза за Ковид дезинфекција од 13 до 13 часот и 30 минути.