Skip to main content

Пукање во Топанско Поле

Две лица се убиени рано утринава, околу 03:00 часот на ул. Македонско-косовска бригада во скопската населба Топанско Поле во Скопје.

 |   | 

Две лица се убиени рано утринава, околу 03:00 часот на ул. Македонско-косовска бригада во скопската населба Топанско Поле во Скопје.

Националните медиуми јавуваат дека целата населба е затворена од страна на полициски екипи, а на лице место е излезен обвинител и се врши увид на местото на несреќата.

Жртвите наводно се застрелани во автомобил. Засега се непознати причините и мотивот за убиството на двете лица.Идентитетот на напаѓачите е непознат и тие се во бегство.