Skip to main content

Сто триесет и двајца охриѓани се вакцинирале за три дена

Досега, имунизацијата тече без проблеми во Охрид. Има презакажување на термини заради здравствената состојба на граѓаните, но има  и лица кои недошле на закажаниот термин. 

 |  Валентина Неловска  | 

Сто триесет и двајца охриѓани се вакцинирале за три дена, од почетокот на имунизацијата до денес на пладне против ковид 19. Имунизацијата со вакцината на „ АстраЗенека“ тече без проблеми за граѓаните над 77 години и со хронични болести, напоменува доктор Соња Мариноска, раководител на Службата за здравствена заштита на деца и младинци.

На првиот ден од 70 пријавените пациенти со мој термин се вакцинираа 58 пациенти, вториот ден од 67 пријавени се вакцинираа 47 , а денес од 70 пријавени до пладне се имунизираа 27мина. Засега нема пријавени несакани ефекти.“

Се случува да се одложат некои термини за вакцинација заради моменталната здравствена состојба на пациентите и се презакажуваат термини за неколку дена. Но, има и пациенти кои недошле воопшто на закажаниот термин за да примат вакцина, информира д-р Мариноска.

„Се молат пациентите да ги откажуваат закажаните термини преку матичните лекари со цел да се ослободат термини за пациентите кои сакаат да се имунизираат. Имаме пациенти кои сакаат , а не можеле да добијат мој термин за да примат вакцина“.

За охридскиот Здравствен дом од ресорното министерство се распределени 800 вакцини од „АстраЗенека“, а со закажување на термини со системот Мој термин за Охрид се добиени по 70 термини дневно.