Skip to main content

Бројот на хоспиталзиирани лица во Охрид од Ковид 19 надмина 100

Семејни трагедии, колективно страдање, пандемијата не стивнува, напротив зема се поголем замав. Здравствените работници преморени и физички и психички. Една година на фронтот со најголемото зло на векот.Вирусот е непредвидлив во неколку часа се менува состојбата кај пациентите.

 |   | 

Семејни трагедии, колективно страдање, пандемијата не стивнува, напротив зема се поголем замав. Здравствените работници преморени и физички и психички. Една година на фронтот со најголемото зло на векот.Вирусот е непредвидлив во неколку часа се менува состојбата кај пациентите.

Ваква лоша клиничка слика не сме виделе . Имам долгогодишен , децениски стаж, последните години работевме и со болни со САРС, но вакво нешто не сме виделе. Толку лоша клиничка слика, битка за здив, за трошка кислород. Градна болка, тешко дишење, повеќето болни се на кислород, застрашувачки е. Од момент во момент се влошува состојбата“, раскажува Др.спец. инфектолог Светлана Попоска Алексијевска – раководител на Инфективното одделние во Охрид.

Вработените на Инфективното одделение, секој изгубен живот го чувствуваат како колективен пораз. Сочувствуваат и тагуваат со болните.

Тешко е навистина многу , секој ден е сѐ понапорен.

Пандемијата ја почувствувавме уште лани. Првите пациенти беа повратници од странство претежно од Италија, луѓе со ниска сатурација , со тешка клиничка слика. Од тогаш можам да кажам дека непрестано имаме голем број на заболени пациенти . Некои полесни , некои многу тешки кои ги препраќаме во Скопје. Првенствено беа постари и болни. Во првиот бран мислам дека и со тешка клиничка слика имавме успех во лекувањето и кај постари и кај луѓе со коморбидитети“, додава Попоска.

Лекарката со децениско искуство иако внимавала и таа се раболе од корона вирусот, најмногу ја погодило што со вирусот ги заразила и внуците.

Многу внимавав, но и јас добив ковид, бев во изолација. Сега сум подобра, ете се вратив и на работа. За разлика од многу тешките пациенти кои ги гледам овде секојдневно можам да кажам дека го поминв релативно добро. Имав пневмонија. Најстрашно беше што ги заразив домашните , сопругот и внуката. Среќна сум што навистина се заврши добро“, вели Попоска.

Здравствените работници кои и по осум часа минуваат под маски, визири и заштитна опрема во Инфективното одделние меѓу заразените пациенти се вистински херои.

Најмногу не загрижува тоа што во овој бран имаме помлади лица со тешка клиничка слика. Многу непредвидливо, здрави луѓе завршуваат фатално. Како да не реагираат на терапијата што им ја даваме. Ковидот е вирусна инфекција која доведува до еден вид на алергиска реакција наречена цитохинска бура . Тоа е синџир на симптоми и тешко може да се контролира. Потешко се излекуваат пациентите“, појаснува Попоска.

Не стравувам од реинфекција засега верувам имам антитела, има и клеточен имунитет но антителата се намалуваат со тек на време. Сепак носам маска, визир“, вели Попоска, која повика на масовна имунизација на населението, бидејќи тоа е единствениот начин за крај на пандемијата.

Најдобрата заштита е вакцинацијата. Апелирам да се вакцинира населението тоа е единствениот излез. Јас два дена пред вакцинација се разболев и не успеав. Не сум вакцинирана , но после три до шест месеци обавезно ќе се вакцинирам. Тоа е единствениот начин да ставиме крај на пандемијата“, вели Попоска.

Хуманите здравствени работници кои се грижат за ковид позитивните пациенти во Охридската болница се радуваат на секој спасен живот.

Ме прави среќна кога некому му помагам , тоа е всушност мојата професија, кога ќе му олесниме некому, кога ке ги видиме подобри пациентите и кога спасуваме животи. Секој спаен живот е победа за нас. Многу сум тажна , кога ќе видам тежок болен човек , на кој се обидуваме да му помогниме а не успеваме“, вели Попоска.

Дневно има по 40 нови случаи на ковид позитивни пациенти во Охрид. Од 8 наутро до 20 часот имаат редовни, интензивни прегледи и секако сите итни што се и во текот на ноќта. Инфектолозите и дома добиваат постојано телефонски повици.