Skip to main content

ГРК Охрид го очекува важен натпревар против Металург

Ракометарите на Охрид утре ги очекува значаен натпревар во плејофот на суперлигата. На гости доаѓа екипата на Металург,клуб со значајно минато во историјата на македонскиот ракомет, но екипа која треба да се победи на домашен терен. Гладијаторите изјавуваат дека противникот е добро анализиран и се подготвени за нова победа.

 |   | 

По вториот пораз од Бутел, овој пат во куп натпреварите, охридскиoт градски ракометен клуб го дочекува Металург. Анализата од последниот пораз покажала дека одбраната е на завидно ниво но потфрлил нападот кој мора да биде на ниво ан задачата за да се оствари нова победа.


„Очекуваме тежок натпревар против Металург. Моментално во плејофот сите екипи се квалитетни. секој со секого има шанса за победа. Овие неколку дена напорно трениравме, доста гледавме видео анализа се подготвувавме. Очекувам добра одбрана, брза полуконтра и да ги сведеме техничките грешки на што помалку за да имаме шанса за победа во среда. “ – вели Манасков.


Најголема опасност за охридските голмани се неколкумината искусни играчи. Особено треба да се внимава на крилата на Металург Поповиќ и Хорват. Што повеќе играта на гостите се насочи кон бековите поголеми се шансите за победа, истакнува Манасков. Најслабата точка на скопската одбрана е таканаречената двојка, позиција која ја напаѓа токму Манасков, па очекувано На тренинзите се вежбаат акции кои тој ќе ги завршува.

„Како што доаѓаат се потешки натпревари така се подобрува и мојата форма и со тренинзи се оди во нагорна линија, и сум задоволен.„ – изјави Манасков.

Натпреварот Охрид Металург е закажан за утре во 15 часот, а покрај на социјалните мрежи овој интересен дуел ќе можете да го проследите и на ТВМ телевизија.