Skip to main content

Домашните туристи многу ретко ангажираат туристички водичи за разглед на Охрид и околинатa

Мислат дека знаат се за културно историските знаменитости и најмногу уживаат на езерското крајбрежје. Слабата финансиска моќ на домашните туристи е главната причина за тоа, велат туристичките работници.

 |  Валентина Неловска  | 

Македонските туристи кога доаѓаат во посета на Охрид мислат дека знаат се за градот и околината. Во многу ретки случи ангажираат туристички водич за разглед на културно историските знаменитости , вели Љупчо Стојкоски Лепи, туристички работник. Додава дека тоа не е случај само со домашните туристи туку и со охриѓани. Стојкоски ја споменува Мечкина дупка на Галичица и се прашува колку охриѓани знаат каде се наоѓа и дали некогаш ја посетиле.

„Слободно можам да кажам дека и ние од Охрид не знаеме се за градот, Охридската околија, Езерото, Галичица. Туристите прашуваат за тури, но многу ретко. Најчесто доаѓаат со сопствен превоз ги посетуваат најчесто плажите, а поретко културно-историските знаменитости.“

Иако интересот за организирани разгледи не е голем сепак има многу мал број на домашни гости кои се одлучуваат да анагажираат локални водичи. Доколку се одлучат за организаран разглед бараат преку Туристичка Агенција или се јавуваат на мобилен телефон кај избраниот водич.

„Најчести се прошетки со кајче до Канео и Лабино. За планинарење и прошетки по Галичица се поретки прошетки со водич.Кога ќе им кажете цена нашето сфаќање е за тие пари сам можам да појдам или одговорот е не ми одговара цената“.

Главна прична за избегнување на туристичките разгледи низ градот и околината е слабата финансиска моќ на домашните туристи, а не само убедувањето дека на домашните гости им се познати сите културно историските знаменитости на Охрид и околината.