Skip to main content

Започна санацијата на дел од старата училишна зграда во село Слатино

Активностите се однесуваат на санација на кровната конструкција, три простории во објектот, надворешната врата и прозорци и предната надворешна фасада.

 |   | 

Активностите се однесуваат на санација на кровната конструкција, три простории во објектот, надворешната врата и прозорци и предната надворешна фасада.

Една од внатрешните простории и во иднина ќе се користи за потребите на примарната здравствена заштита, а во другата просторија ќе биде отворена спомен соба во чест на нашиот сограѓанин, Игор Костески, македонски бранител, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година.

Оваа година, на 28 април се навршуваат 20 години од страшната погибија, кога кај Вејце од страна на припадници на терористичката ОНА, на подмолен начин, во заседа беа убиени 8 бранители, и тоа- 4 припадници на Специјалната единица на АРМ, „Волци”, меѓу кои и водникот Игор Костески и четири припадници на посебната единица на СВР Битола.