Skip to main content

Бидете дел од неделата на солидарноста

Од 19-ти до 25-ти април се одбележува Неделата на солидарност, под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, информираат од охридскиот Црвен крст.

 |   | 

Од 19-ти до 25-ти април се одбележува Неделата на солидарност, под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, информираат од охридскиот Црвен крст.

Граѓаните може да ја покажат својата солидарност со донирање прехранбени производи и средства за хигиена на собирните пунктови за прехранбени производи во поголемите маркети во Охрид, како и донација на храна, хигиенски средства и парични средства директно во просториите на Црвен Крст Охрид ул. „Димитар Влахов” бр. 52.

Можно е да е слика од дете, стоење и текст

Парични средства може да се донираат на жиро сметката на Црвен крст со назнака за „Недела на солидарност”.

– Паричните средства може да се донираат: со повик на мобилните телефонски броеви – донација од =100 денари: 070/075/077-143-400, потоа со уплата на средства на сметката на фондот на солидарноста на Црвен крст на РМ 300 0000013279 66 Депонент Комерцијална банка, ДБ 4030984271620 и со електронска уплата на средства на интернет страницата на Црвен крст на Македонија. Од донираните средства и собраните намирници во кампањата ќе се подготват хуманитарни пакети со прехранбени производи и средства за хигиена, кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници, посочуваат од охридскиот Црвен крст и додаваат дека со секоја донација овозможувате да се помогне на што поголем број на семејства на кои таа помош им е неопходна.