Skip to main content

Сребрен медал за учениците од ДСУ „Ванчо Питошески“ за филмот „Друг човек“ на МАССУМ


Државниот натпревар ,,Образовно рандеву 2021“ на Младинска Асоцијација на Средните Стручни Училишта во Македонија (МАССУМ) во соработка со Американскиот Универзитет на Европа – ФОН се одржа на 23 и 24 април за средните училишта од цела Македонија.

 |   | 

Државниот натпревар ,,Образовно рандеву 2021“ на Младинска Асоцијација на Средните Стручни Училишта во Македонија (МАССУМ) во соработка со Американскиот Универзитет на Европа – ФОН се одржа на 23 и 24 април за средните училишта од цела Македонија. Учениците од ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“ под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски учествуваа во 5 категории постигнувајќи  високи резултати.

Второ место, сребрен медал во категоријата најдобар филм со филмот „Друг човек“ и актерите Дарко Соколески, Ерол Брзев и Димитар Дуноски. Креативните ученици ни покажуваат како може да се биде друг човек и лошите односи и ситуации во минатото да се променат. Никогаш не знаеме каде ќе нѐ однесе животот. Другиот човек во секој е виновен за сето добро што не го направил. Биди промената и другиот човек, носител на низа промени во општествениот живот кои сакаш да ги видиш во светот!
( Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=ML1_ILGodHY&t=36s )

Во категоријата постер учениците: Ерол Брзев го освои 4-то место, Даниела Митрева 12-то место, Ана Марија Мискоска и Елена Блажевска 20-то место.

Ученичката Сара Џелили со песната „Сироти“ во категоријата најдобра поетска творба го освои 6-то место, додека Николче Ангеловски со песната „Години“ 10-то место.

Учество зедоа и учениците Николче Ангеловски, Дамјан Макешоски и Марко Настески снимајќи заедно со повеќе актери уште еден филм „Изборот е твој“. Вредните ученици ни покажуваат како животот често знае да биде многу непредвидлив. Опасностите и пороците ги демнат младите од сите страни во овие измешани времиња и невремиња. Страв, среќа, солзи, кошмари, неосоници, болка во срцето, празнина во душата, пискотници во сонот. Или доброто или злото е насоката по која младите ќе изберат да се движат во животот. Секој нов ден нуди можност за нов избор во животот. Доброто е вистинскиот пат во животот!

(Линк од филмот: https://www.youtube.com/watch?v=d0oU60Vg-dM&t=168s )

Во категоријата најдобра фотографија зедоа учество учениците Даниела Митрева и Дарко Соколески.
Во видео-реклама за МАССУМ и ФОН учество зеде ученикот Давор Стоески.

( Линк до рекламата: https://www.youtube.com/watch?v=tL2ab0DwGqM  )
И во пандемија учениците докажуваат дека нивниот талент е голем освојувајќи награди.